На 24 август 2026 година во 17:25 часот во село Морани, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, постапувајќи по судска наредба, го лишиле од слобода Б.А. (20) од село Студеничани.
Претходно, тој со автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кој го управувал, не застанал на даден знак за запирање од страна на полициски службеници. Набргу потоа, со возилото удрил во бетонски ѕид, а при движење наназад удрил и во службено возило „шкода јети“ во сопственост на МВР.
По неговото приведување биле извршени дополнителни проверки, при што било утврдено дека Б.А. бил баран за издржување затворска казна во траење од две години за сторени кривични дела по член 292 и член 288 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.


