Пензиите во септември ќе растат согласно законските усогласувања за да се заштитат пензионерите, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со најавеното зголемување.

Тој потсети дека по линеарното зголемување на пензиите од страна на Владата, поединци поддржани од опозициски партии поднеле иницијатива пред Уставниот суд за негово оспорување.

„Да тоа ќе биде редовно нивелирање, усогласување согласно закон. Знаете дека постоеја иницијативи од страна на поединци во позадина охрабрени од политички партии да пред Уставниот суд покренат тема за линеарното зголемување на пензиите. За да ги заштитиме пензионерите и пензиите, понатаму зголемувањето ќе биде согласно усогласувањата предвидени со закон“, вели премиерот Мицкоски.

Со ова, Владата останува на ставот за редовно нивелирање на пензиите според постоечките законски механизми.

Exit mobile version