Скопјанец лажно се претставувал пред полицајци дека им е колега
Полицијата поднесе кривична пријава против Т.К.(33) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело лажно претставување.
„Пријавениот бил запрен од полициски службеници додека управувал патничко возило, а поради сторен сообраќаен прекршок. Притоа, тој лажно се претставил како полициски службеник и се легитимирал со лажна службена легитимација на МВР која сам ја изработил“, соопшти МВР.
29.11.2022 - 17:41
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа