Вчера во 12:33 часот во СВР Битола е пријавено дека на брегот на Преспанското езеро во с.Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои кажале дека во чамец во езерото останале уште двајца рибари, од кои едниот околу 12:20 часот скокнал во езерото по веслата кои му паднале и не излегол од водата.
Додека, другиот рибар останал во чамецот и ветерот го носел накај Крани и бил на далечина од околу 1000 метри од брегот. Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Б.Ј.(71) од Скопје, кој ги запознал дека другото лице М.М.(71) од Скопје скокнал од чамецот и не излегол од водата.
Полициски службеници и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
- Хорор на плажа во Хрватска: Дрво високо 14 метри падна врз туристи, деца повредени, веднаш однесени во болница
- МВР со жестоки контроли: Уапсени 15 возачи, меѓу нив и четири малолетници
- Вo среда целосно помрачување на Сонцето
- Пациентот транспортиран од Турција е во стабилна состојба: Д-р Мерџановски со детали за здравјето на момчето
- Полицијата заплени камион со илегално ископан песок во неготинско село
- Уапсен 19-годишник во Кочани: Правел експлицитни видеа од поранешната девојка и ги споделувал со трети лица
- На трагедиите им нема крај: 45-годишна скопјанка пронајдена почината
- Скопјанец исчезна во Преспанското Езеро – Тигрите трагаат по него


