Вчера во 14:10 часот во с.Љуботен, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Е.(43) од с.Љуботен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева. Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во чад.
На 25.09.2025 околу 12:00 часот, од ветер местото повторно се запалило, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со разновиден земјоделски алат, сопственост на М.С.(47) од Штип, дел од куќа со нерасчистени имотно-правни односи, гаража и дел од куќа, сопственост на В.Ѓ.(47) од Штип, дрвен електричен столб, сопственост на Р.Р.(61) од Штип и неколку хектари нискостеблести растенија и сува трева.
- Објавена првата постхумна песна на Доли Партон две недели по нејзината смрт
- Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно партнерство
- Хегсет: 11 септември е еден од најмрачните денови во американската историја
- Спиењето на стомак влијае лошо на човековото здравје
- Стејт департментот нуди награди за информации за лидерите на Ал Каеда
- Исчезната 84-годишна жена во скопски Илинден
- Британските пратеници го одбија предлогот за легализација на евтаназијата
- Канадски претприемач гради 99 куќи за да го намали бројот на бездомници во својот град

