Вчера во 14:10 часот во с.Љуботен, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Е.(43) од с.Љуботен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева. Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во чад.
На 25.09.2025 околу 12:00 часот, од ветер местото повторно се запалило, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со разновиден земјоделски алат, сопственост на М.С.(47) од Штип, дел од куќа со нерасчистени имотно-правни односи, гаража и дел од куќа, сопственост на В.Ѓ.(47) од Штип, дрвен електричен столб, сопственост на Р.Р.(61) од Штип и неколку хектари нискостеблести растенија и сува трева.
Актуелно
- Нема „спас“ од гужвите летово? Брисел потврди дека не се одложува новиот систем на границите
- Андоновски на состаноци во Стејт департментот на САД: Соработката во областа на сајбер безбедноста и дигитализацијата во фокусот
- Гаши од Вашингтон: Северна Македонија останува лојален сојузник на НАТО и посветен партнер на САД
- Хакерите го знаат вашиот пин пред да го кажете: Овие комбинации се „магнет“ за крадци
- Координаторот на пратеничката група на Вреди се сретна со Томас Вајц: Разговарале за ЕУ
- СДСМ: Дали Симе од сликите со Мицкоски е поврзан со дрогата од 5 тони?
- Николоски се сретна со Памер: Македонија одлично соработува со Австрија
- Економски шок: Германски гигант отпушта 20.000 работници


