Вчера во 14:10 часот во с.Љуботен, штипско, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.Е.(43) од с.Љуботен поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик.
Имено, според пријавеното, на 24.09.2025 го чистел својот двор, по што надвор од дворот запалил стари предмети и трева. Откако изгореле предметите си заминал без да го локализира местото, односно го оставил во чад.
На 25.09.2025 околу 12:00 часот, од ветер местото повторно се запалило, при што биле опожарени помошен објект во неговиот двор, дел од куќа со разновиден земјоделски алат, сопственост на М.С.(47) од Штип, дел од куќа со нерасчистени имотно-правни односи, гаража и дел од куќа, сопственост на В.Ѓ.(47) од Штип, дрвен електричен столб, сопственост на Р.Р.(61) од Штип и неколку хектари нискостеблести растенија и сува трева.
- Инцидент пред судот во Куманово: Непознато лице истурило течност пред објектот и побегнало
- (ВИДЕО) Воздушен напад врз облакодер во Дубаи: Техеран наводно тврди дека целта била седиште на ЦИА
- (ВИДЕО) Погледнете како Иранците ги подготвуваа авионите и пилотите да напаѓаат американски бази: Објавена е листата на бомбардирани локации
- Вчера и денес беа само загревање: Нетанјаху најавува илјадници напади врз „терористичкиот режим“
- Петрушевски: СДСМ бега од темата за Груби бидејќи не знаат во какви зделки биле заедно вмешани
- Иран штотуку објави крвава одмазда врз Америка и Израел: Денес ќе нападнеме со сила каква што никогаш порано не сте виделе
- Приведен велешанец на автопатот Куманово-Велес: Возел пијан и под активна забрана
- Месечен хороскоп: Март носи големи пресврти за сите знаци

