Неверојатен случај на политичка манипулација ја потресе бугарската јавност, откако беше откриено дека народен претставник во 2015 година самиот си испратил заканувачко писмо. Целта на ова сценарио била пратеникот да изнуди официјална заштита од државните безбедносни служби.
Овој фрапантен случај го обелодени криминалистот Иван Савов за време на гостување на „Нова телевизија“, во дебата посветена на реформите во безбедносниот сектор.
Савов посочи дека овој чин е класичен пример за злоупотреба на државните ресурси. Тој упати критики до Националната служба за безбедност (НСО) во Бугарија, тврдејќи дека институцијата често се претвора во „слуга“ на политичарите наместо да работи професионално.


