Вчера во 11:10 часот во Скопје, пред објектот на ПС Аеродром, поради нарушен јавен ред и мир во ПС Аеродром приведен е Х.А.(32) од Берово.
Претходно Х.А. побарал од полициски инспектор да му биде даден видео запис од видео надзор од „Безбеден град“, за сообраќајна незгода во која учествувал, но откако му било укажано дека видео записот не може да му биде доставен без да пополни соодветно барање, тој почнал агресивно да се однесува и во неколку наврати се обидел да влезе во службените простории во полициската станица, при што снимал со мобилен телефон иако му било укажано дека тоа не смее да го прави.
По документирање на случајот, против Х.А. ќе биде поднесен соодветен поднесок.
- Олеснувања за купување прв стан: Подигнати 400 кредити со само 10% учество, Славески очекува позитивни ефекти
- Полицијата со полни раце работа: Пијани, со дрога и без возачки – 18 возачи завршија со лисици на рацете
- Хаос во центарот на Скопје: Две лица палеле оган зад зграда, им тропале на станарите и им ја краделе поштата
- (ФОТО) Голем скандал во Прилеп: Стрелачки клуб тајно продавал оружје на лица без дозвола, запленет цел арсенал пушки
- Вооружен инцидент во липковско: Пукал во „мерцедес“ додека се разминувале на пат, приведено едно лице
- Приведен 27-годишен скопјанец кој нападнал полицајци и го искршил службеното возило на МВР
- Драма пред полициска станица во Аеродром: Беровчанец се обидел насилно да влезе во станицата и снимал со телефон
- Пресудата ја прими без никакви емоции – 12 години затвор за Стојанче


