Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до надлежното Основно јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против В.Ј. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“ и против А.Л. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „помагање“ во врска со „предизвикување на општа опасност“ и „попречување на правдата“.
На 08.12.2025 околу 23:40 часот В.Ј., на работно место приправник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи во ОВР Прилеп, во дворот на семејната куќа испукал два пати од службен пиштол на МВР, задолжен од второпријавениот А.Л., на работно место полицаец во Полициската станица Прилеп, кој претходно му го дал на располагање. Притоа, проектилите завршиле во соба од соседната семејна куќа, а откако на местото пристигнале полициски службеници, првопријавениот со намера да го спречи и отежне докажувањето го земал едниот од испуканите проектили од соседната куќа и го преместил во дворот од својата семејна куќа.
Прво и второпријавениот, со намера да го спречат и отежнат докажувањето, со пишани пораки преку телефон се договориле да го негираат настанот во целост. Одделот за внатрешна контрола против полициските службеници ќе поднесе предлог за поведување на постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки за отстранување од работното место.
- Бојковска: Стратешкиот дијалог со САД е успех на нашата определба и посветеност во партнерство со САД
- Венс признава: „Мислевме дека ќе биде лесно, но Украина е нашиот најтежок предизвик“
- Бочварски: Власта ветуваше 250 милиони евра годишно од унгарскиот кредит за општинските проекти, се реализираат само 16%
- Тркалезна маса на тема: Подготвеноста на институциите за одговор на СММИ
- Татко и двајца синови со боксирачи и гасен пиштол претепале вработени на гробиштата во Бутел: Обвинителството бара притвор
- Хоџа: Градиме модерен систем за менаџирање со водите по европски стандарди
- Спасовски: ВМРО ја партизира и Регулаторната за енергетика, како сопственик на хидроцентрили ќе биде независен директор
- Сиљановска-Давкова на средба со ромски уметници: Потребна е видливост и рамноправност на уметниците Роми


