Денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ започна со сериозна опомена од судот. Судијката Дијана Груевска Илиевска информираше дека во келијата на првообвинетиот Дејан Јованов, кој се наоѓа во притвор во затворот во Куманово, бил пронајден мобилен телефон „Нокиа“ со СИМ картичка.

Судијката упати остар укор до сопственикот на дискотеката, предупредувајќи го на последиците доколку ваквиот прекршок се повтори.

„Не знам кој ви ги носи, не знам, но сега ќе дадам опомена. Да не се повтори. Следниот пат ќе забранам посети“, го укори судијката Груевска Илиевска првообвинетиот Јованов.

Инаку, на денешното рочиште, кое доцнеше поради отсуство на еден од адвокатите, предвидено е сослушување на тројца сведоци, односно законски застапници на оштетените. Процесот се однесува на трагедијата од 16 март, во која загинаа 63 лица за време на настап на групата „ДНК“, а обвинителството тврди дека објектот работел незаконски повеќе од една деценија.

Exit mobile version