Скандал на големата компанија „Амазон“: Во Франција понуди на продажба секс-кукли за педофили

 

Голем скандал ја стресе компанијата „Амазон“ во Франција откако на продажба се најдоа секс кукли со детски изглед.

Компанијата веднаш ги повлекла куклите од пазарот, особено откако Здружението за заштита на децата издало предупредување дека овие кукли се нашле во понудата.

Адријен Такет, францускиот државен секретар за заштита на деата, објави дека „Амазон“ ги повлекол спорните кукли од понудата.

Забрана за педофилија е задолжителна во нашето општество – напиша на Такет на Твитер.

Меѓутоа, истата вечер на интернет повторно се појавиле грозоморни фотографии, на коишто се гледаат кукли бебиња и млади девојчиња врзани или облечени во чудна облека.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.08.2020 - 19:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега