Сѐ помалку луѓе во болниците ширум Македонија

 

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона-вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 340 и има околу 559 празни болнички кревети во ковид-центрите, соопшти Министерството за здравство.

Претходно деновиве, поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Во текот на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Во Скопје, во изминатото деноноќие се хоспитализирани 23 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 129 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 15 пациенти, позитивни и суспектни на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 25 пациенти.

На инфективното одделение во Тетово има 4 пациенти, во Велес се лекуваат 20 болни, а во Куманово 38 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 29 пациенти, во Прилеп 16, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 14 пациент, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 7, а во Гевгелија нема хоспитализирано лица позитивни и суспектни на коронавирусот.

22.05.2021 - 14:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега