Сѐ поблиску до милион: Во Србија 905.340 вакцинирани- соседите втори во Европа и седми во светот
Според последните податоци на Владата, 905.340 лица се вакцинирани против коронавирус во Србија.
Според бројот на вакцинирани на милион жители, Србија е втора во Европа, по Велика Британија.
Во светот, Србија е на седмото место по бројот на вакцинации на милион жители, после Израел, Сејшели, Обединетите Арапски Емирати, Велика Британија, САД и Бахреин.
Србија е убедливо прва во регионот според вакцинациите на милион жители, потоа Романија, Словенија, Унгарија, Хрватска, Бугарија и Албанија.
Според вкупниот број вакцинации, Србија е втора во регионот, по Романија.
16.02.2021 - 12:39
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа