Ситуацијата е опасна поради ветерот: Пожарот кај Русиново се шири

Пожарот кој попладнето избувна во месноста Губенек, атар на село Русиново, продолжува да се шири кон месноста Безгашчево.

Екипите на ТППЕ Берово и Национални шуми кои го гаснат пожарот напоменуваат дека ситуацијата е опасна поради ветерот кој го проширува обемот на опожарените предели.

Во пожарот претходно командирот на единицата Сашко Руменовски, информираше дека е зафатена површина со мешана шума и сува трева.

Гаснењето како што додадоа учесниците во акцијата продолжува да се контролира се до целосно локализирање на пожарот

04.04.2024 - 21:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега