Сител временска прогноза: Не чека зима со многу снег и повисоки температури
Зимата кој што доаѓа, според временската прогноза која ја објави Сител во пладневните вести ќе биде во рамките на просекот, со температури кои благо ќе бидат на повеќегодишниот просек но и со многу врнежи особено во јануари.
Во декември не очекуваат температури за 1 до 2 степени над повеќегодишниот просек. Се очекува крајот на ноември и првата половина од декември ќе бидат малку постудени но затоа втората половина од декември ќе биде значително потопла од просекот. Врнежите ќе бидат просечни. Се очекуваат повеќе врнежи претежно од дожд во првата половина од декември додека втората половина треба да биде постудена.
Во јануари исто така се очекуваат температури малку повисоки од просекот но затоа се очекуваат и до 30% повеќе врнежи кои претежно ќе бидат од снег.
Во февруари температурите ќе бидат над повеќегодишниот просек за 1 до 2 степени и значително опаѓање на количеството на врнежи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа