Сите очи вперени во неа: За познатиот модел годините се само бројка

Миленичката на „Вог“, Алесандра Амброзио, сподели низа фотографии за своите 10 милиони следачи на Инстаграм во средата.

40-годишната кралица на модните писти докажа дека годините се само бројка бидејќи изгледа беспрекорно како и секогаш, со цврсти тонирани стомачни мускули и витки нозе во бело бикини од сопствениот бренд костими за капење „ГАЛ Флорипа“.

Во својата објава на социјалната мрежа, атрактивната Бразилка напиша дека ги сака брановите и дека ужива во убав ветровит ден на плажа во живописниот Рио де Жанеиро.

Дизајнерката на костими за капење, која е сопственик на линијата GAL Floripa со сестра ѝ Алин и најдобрата пријателка Жизел, беше на одмор во Рио де Жанеиро со најблиските пријатели.

10.02.2022 - 23:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега