Сите министри за здравство кои си поднесоа оставки во КОВИД пандемијата

 

ИНДИЈА

Индискиот премиер Наренда Моди на 8 јули му ја покажа вратата од својот кабинет на министерот за здравство Харш Вардан поради лошо справување со ковид падемијата. Покрај Вардан министерот отпушти уште 11 министри во својата Влада. Во неговиот мандат Индија бележеше светски рекорди по бројот на нови случаи и починати како последици поврзани со ковид а се запалија и изгореа две ковид болници во кои загина 31 лице.

ЛАТВИЈА

Латвискиот премиер Крисјанис Каринис на 5 јануари ја разреши министерката за здравство Илзе Винкеле. Како причина за разрешувањето, Каринис наведе дека неговата министерка не направила квалитетен план за вакцинација и не обезбедила вакцини за својата земја. Имено, Латвија се потпрела на вакцината на Астра Зенека која во тој период (почетокот на јануари) не била одобрена од Европската Унија. За споредба, Македонија во јануари немаше ниту една вакцина а вакцинацијата почна пред стартот на летото, речи си 5 месеци подоцна.

ЕРМЕНИЈА

Ерменскиот министер за здравство Арсен Торосјан на 18 јануари беше разрешен од премиерот Никол Пашинијан. Тој беше седмата жртва во кабинетот на Пашинијан. Иако премиерот никогаш официјално не потврди кои се причините за неговото разрешување, медиумите пишуваат дека притисокот дошол по лошото менаџирање со корона кризата.

ТУНИС

Премиерот на Тунис, Хием Мечини го разреши својот министер за здравство Фаузи Меди на 21 јули. Мечини официјално не објави кои се причините за овој чекор но тој дојде во време кога Тунис надмина 17.500 починати и близу 555.000 смртни случаи.

ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Лорд Бетел вчера си поднесе оставка на функцијата Министер за здравство на Обединетото кралство откако се најде среде скандал со својот мобилен телефон. Имено, медиумите дошле до информација дека тој од неговиот приватен мобилен телефон испратил над 30.000 СМС пораки со кои се сомневаат дека биле договарани мулти милонски зделки за набавка на заштитна опрема и ковид тестови за потребите на британското здравство. Тој во моментов се соочува со постапка пред судот за наводни злоупотреби тешки 87,5 милиони фунти.
Кога надлежните го побарале неговиот телефон на увид, тој прво рекол дека го загубил, па дека му бил оштетен, а на крајот дека го дал на близок роднина кој му направил упдејт и целосно ги избришал податоците.
Во јуни беше разрешен и генералниот секретар во министерството за здравство откако камерите го уловиле како не ги почитува мерките за заштита од ковид, односно се движел надвор во време на карантин. 

ЕКВАДОР

На 21 март Родолфо Фарфан доби отказ од еквадорскиот премиер Ленин Морено откако се најде во кривична истрага за злоупотреба на положбата во набавката и процедурата на имунизација. Отказот следеше откако полицијата и обвинителството влезе во Министерството за здравство за да направи претрес во насока на поткрепа на обвинувањата. Фарфан на позицијата остана само 20 дена и беше третиот министер за здравство кој дојде на оваа позиција во време на корона пандемијата во Еквадор.

АВСТРИЈА

Австрискиот министер за здравство Рудолф Аншобер си поднесе оставка на функцијата на 13 април. Во писмото до канцеларот Курц тој наведе дека си заминува од функцијата бидејќи корона пандемијата го изморила до тој степен што почнал да чувствува сериозни здравствени проблеми. Во оправдувањето наведе дека таков совет добил од своите лекари.

„Во најлошата светска здравствена криза на републиката и треба министер за здравство кој што е 100% фит. Тоа во моментов не сум јас“ – изјави тогаш Аншобер за медиумите.

ИРАК

Министерот за здравство на Ирак, Хасан ал-Тамими поднесе оставка на 4 мај, една недела по страотниот пожар во ковид болницата во Багдад кој однесе 130 човечки животи. Ирачкиот премиер Мустафа ал Кадими оставката ја побарал веднаш по пожарот е на владата и била потребна една недела за да се собере и да ја потврди одлуката.

Причина за пожарот во Багдад е лошото чување на боците со кислород.

 

АРГЕНТИНА

Аргентинскиот министер за здравство Гонзалез Гарсиа си поднесе оставка на 20 февруари откако во јавноста пукна скандалот според кој тој им овозможувал на одредени лица да се вакцинираат преку ред. Скандалот го објави аргентински новинар кој сведочеше дека добил вакцина откако лично контактирал со премиерот.

ЈОРДАН

Министерот за здравство на Јордан, Назир Обеидат беше принуден да си поднесе оставка откако 6 лица починаа поради недостаток на кислород во градот Салт, 24 километри западно од главниот град Аман. Според информациите, болницата била без кислород 1 час.

Иако во тој момент истрагата се уште не беше комплетирана, министерот Обеидат во својата оставка напиша дека си заминува затоа што чувствува голема морална одговорност.

СЛОВАЧКА

Словачкиот министер за здравство Марек Крајчи си поднесе оставка на 11 март. Причина за тоа беше неговиот договор за набавка на руската вакцина Спутник В.
Тој беше жртва на две од четирите партии во коалицијата на неговата влада кои не се согласуваа со тоа оваа земја членка на Европската Унија да набавува вакцини од Русија. Крајчи во текот на целата пандемија беше под силни критики на јавноста за неговот справување со корона вирусот.

МОНГОЈЛИЈА

Монголскиот премиер Курелсук Укуна заедно со целата негова влада си поднесе оставка во јануари годинава откако мајка и нејзиното бебе починаа од компликации со ковид19 наводно поради незаинтересираноста на медицинскиот персонал и надлежните. Смртта на мајката и бебето предизвика масовни протести поради кои, владата си поднесе оставка.

РОМАНИЈА

Романскиот министер за здравство Влад Воичулеску беше разрешен од страна на премиерот Флорин Циту поради серија грешки меѓу кои и смртта на три пациенти откако откажале респираторите на интензивната нега во клиниката во Букурешт.
Тој беше обвинуван за недостаток на професионализам и емпатија а јавноста силно го критикуваше кога во медиумите се појавија видеа на кои може да се видат ковид пациенти како среде ноќ си ги собираат своите работи за да ослободат места за позитивни случаи.

ЧЕШКА 

Чешкиот министер за здравство Адам Војчех си поднесе оставка на 20 септември минатата година.

Како причина за оставката се наведува лошото менаџирање со корона кризата и големиот број на нови ковид случаи.

СЛОВЕНИЈА 

Министерот за здравство на Словенија Томаж Гантар си поднесе оставка на 18 декември минатата година. Неговата оставка беше од политички причини бидејќи претходниот ден, неговата партија реши да ја напушти владината коалиција.

19.09.2021 - 00:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега