Сите апсења на ќерката на Бајден: Ешли има објаснување за сите нејзини проблеми со законот

 

Повеќето луѓе знаат дека Џо Бајден е исклучително близок со семејството, вклучувајќи го и синот Хантер.

Демократскиот кандидат за претседател одблизу знае што е загуба на блиски, откако неговиот втор син Бју починал после борбата со ракот во 2015-та година. Неговата ќерка Ами настрадала во сообраќајна несреќа во 1972-ра година.

Бајден има уште една ќерка по име Ешли, од својата втора сопруга Џил. Социјалната работничка може да води помирен живот од својот постар брат, но и понатаму е многу посветена на јавните служби, работејќи за Центар за правда во Делавер и Социјалната служба.

Но, 39-годишното најмало дете на Бајден исто така имало некои проблеми со законот. Според „New York Post“, уште на факултет сегашната сопруга на пластичен хирург имала конфронтација со полицијата. Ќерката на Бајден била студентка на универзитетот во Тулане кога ја фатиле со марихуана. Против неа било покренато обвинение, пренесува весникот. Но, овој прекршок не бил последен пат Ешли да се соочи со правните проблеми.

Бајден имала уште еден прекршок во 2002-ра година, кога била уапсена поради опструкција и закани на полицијата во еден бар во Чикаго. Тогаш имала 21 година. Според „Headlines & Global News“, евиденцијата за ќерката на поранешниот потпретседател сега е чиста по инцидентот.

Во тоа време, Џо Бајден бил сенатор од Делавер, а неговата ќерка, студент на универзитетот во Тулани, била на гости кај пријателите во градот Винди. Двајца нејзини пријатели исто така биле вмешани во инцидентот - двајцата се обвинети за батерија и му се спортивствиле на полицаецот. Иако трите обвиненија биле отфрлени, „AP“ пренесува дека групата ѝ се извинила на полицијата и од судијата на судот добила вербална опомена.

Ешли се соочила со уште еден скандал во 2009-та година, кога било објавено видео кое наводно покажува како таа користи кокаин - никогаш не се соочила со обвиненија врз основа на снимката.

Според „Делавер Тудеј“, таа признала дека згрешила, велејќи: „Не е важно дали тоа е избегнување на затворската казна или лоши животни одлуки, и јас многу грешки имам направено.

„Никогаш не ја осудувајте личноста додека не изодите еден километар со нејзините чевли“, рекла Ешли и додала: „Ако сакате да направите позитивни промени, не можете да се задржите на минатото“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 11:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега