Сите 7 починати биле во ризична група- Тетовката која починала при прием имала пресаден бубрег

Во последните 24 часа беа регистрирани седум смртни случаи од коронавирусот во земјава. Сите седум пациенти кои починаа во изминатото деноноќие се пациенти со претходни коморбидитети и пациенти кои спаѓаат во ризична група, потврдија за НОВАво Министерството за здравство.  

„Од починатите на Инфективна клиника: Пациентот (79г) Скопје -Сарај, е хоспитализиран на 21 мај, лекуван претходно од TBC (туберколоза), пациентката (66г) од Струга-Лабуништа е хоспитализирана на 8 јуни, а имала висок крвен притисок и дијабет, пациентката (54г) од Скопје – Студеничани е хоспитализирана на 5 јуни, а имала хронично обструктивна белодробна болест и гојазност.

Од починатите во ГОБ „8 септември“: пациентката (77г) од Скопје, хоспитализирана на 8 јуни имала срцева слабост, пациентката (73г) од Струга, примена на 7 јуни имала хронична леукоза, висок притисок и дијабет. Пациентите се примени како сомнителни на ковид и потврдени по прием.

Пациентот (87г) кој почина во Штипската болница е лекуван болнички од 26 мај, а имал кардиоваскуларни заболувања“, велат во Министертвото за здрваство.

Меѓу починатите е уште една пациентка од Тетово на 46 годишна возраст, која починала при прием во амбулантата. Таа прво била примена на Клиниката за нефрологија бидејќи имала трансплантиран бубрег, а била во тешка состојба.

„Починатата пациентка при прием во амбулантата на Инфективната клиника спаѓа во најкритичните пациенти бидејќи била со трансплантиран бубрег. Таа со семејството вчера дошла на Клиниката за нефрологија со приватно возило во тешка состојба. И бил земен брис. Во тие 3-4 часа додека била на Клиниката била максимално згрижена, а потоа била упатена на Инфективната клиника“ објаснуваат од Министерството за здравство.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2020 - 17:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега