Среќен роденден Ведран, гордост наша!, напиша вчера на социјалните мрежи скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски.

По повод роденденот на неговиот син, заедно со неговата сопруга вечераа во ресторан за да го прослават овој специјален ден.

„Ти си нашата радост и нашата најубава приказна што ја живееме.

Мама и тато се бескрајно горди на тебе. На секој твој чекор, насмевка, успех, сон…

И запомни – ние секогаш ќе бидеме тука да те охрабриме, поддржиме и да те сакаме со целото срце“, напиша градоначалникот на ФБ.

Exit mobile version