Синот на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, ќе се испрoба во трговијата со конфекција, според јавно достапните информации, кои покажуваат дека тинејџерот од пред точно еден месец е основач на „Демигод“, друштво за продажба на облека на мало, објави порталот Фактор.мк.

Продавницата на 18-годишниот Иво Филипче како што пишува порталот, според адресата, треба да се наоѓа на улица Њуделхиска во скопската населба „Млечен ресторан“.

Синот на претседателот на опозициската партија, пратеник и поранешен министер за здравство минатата година стана полнолетен, а оваа во јуни прослави матура.

Exit mobile version