Синот на Берлускони му го честиташе на својот татко Денот на таткото со порака во весник

Најстариот син на поранешниот италијански премиер и шеф на партијата „Форца Италија“, Силвио Берлускони, Пјер-Силвио, му го честиташе на својот татко Денот на таткото со порака на целата страница на дневниот весник „Кориере дела сера“.

Во честитката, синот вели дека сите ги знаат извонредните достигнувања што Силвио Берлускони ги постигнал во животот: во политиката, фудбалот и деловниот свет, но „знам дека си најдобар во занаетот што е најважен во светот: ти си најдобриот татко“.

Пјер-Силвио е најстариот син од првиот брак на Силвио Берлускони со Карла Дал’Олио, тој е еден од сопствениците и директор на компанијата „Фининвест“, која е дел од семејната холдинг компанија „Медиасет“.

Пјер-Силвио има 51 година и е татко на три деца.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.03.2021 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега