Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт

    25.02.2026 во 23:48

    Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор

    25.02.2026 во 23:05

    21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба

    25.02.2026 во 23:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Има незадоволство во ЗНАМ поради однесувањето на антинародна и криминална власт
    • Ивица Дачиќ се бори за живот: Ставен е на респиратор
    • 21-годишен скопјанец натепан во Гази Баба
    • Синот на Балашевиќ, чека син
    • Конечно стабилизација на времето: Сончево до крајот на неделава
    • Македонија гласаше „за“ во ОН: Бараме итен и праведен мир во Украина
    • Зеленски со остра порака: Јазот со Русија е преголем, пријателство нема да има уште долго
    • Дилер од Охрид падна во рацете на полицијата
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Синот на Балашевиќ, чека син

    Синот на Балашевиќ, чека син

    25.02.2026 во 22:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Алекса Балашевиќ, синот на легендарниот Ѓорѓе Балашевиќ, на Инстаграм објави емотивна порака посветена на сопругата Николина.

    Покрај фотографија направена на улиците во Шангај, тој напиша текст полн со емоции со кој најпрво навести, а потоа и директно потврди дека нивното семејство ќе се прошири.

    „Некои луѓе до крајот на животот остануваат само луѓе, а некои доживуваат да станат нечии завет. Завет без кој на некого ни Стариот ни Новиот завет не му значат ништо. Благодарение на оваа личност од фотографијата, мојата лоза продолжува, не сум повеќе Омега … За приближно два месеци ни пристигнува син … Братчето на Вера, кое долго го чекаме … Колку само може да биде неопислива среќата за некој како мене, Бог да испрати уште еден ангел со моите гени … Би го разбрал и да штеди, но не се бунам што ме задолжува уште повеќе … Со мирис на небо … Со тебе, со вас … Како што би рекол некој мој најголем, некој наш најдобар, исто така од небото, не сум веќе в.д. Балашевиќ, сега сум Балашевиќ во оставка, за неколку месеци мандатот му го предавам на наследникот“, напиша Алекса.

    Нивната ќерка Вера, родена во август 2022 година, со нетрпение го очекува малиот брат. Следбениците веднаш ја преплавија објавата со честитки и убави зборови, нагласувајќи дека и Ѓорѓе сигурно би бил неизмерно горд.

    Оваа радосна вест доаѓа во период на значајни професионални успеси за Алекса. Неговиот дебитантски филм „Мегдан: Меѓу вода и оган“, каде што се потпишува како сценарист и продуцент, доживеа одличен прием во регионалните кина кон крајот на 2024 година, а подоцна стана достапен и на стриминг платформите како Ејч-би-о и Амазаон.

    И покрај професионалниот ангажман, Алекса често истакнува дека семејството и духовните вредности му се на прво место. Со Николина и ќерката Вера живее на релација Нови Сад – Марибор, а на социјалните мрежи редовно споделува моменти од приватниот живот.

    Популарно

    Измените на Законот за пензиското и инвалидското осигурување пред Уставен

    25.02.2026 во 10:01

    Собранието ги донесе законите со кои се намалуваат платите на пратениците

    25.02.2026 во 21:04

    Радио Слободна Европа ги затвора вратите во Бугарија

    25.02.2026 во 20:50

    Трамп едвај го започна говорот, а веќе првиот инцидент: „Црнците не се мајмуни“

    25.02.2026 во 09:51

    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.