Синиша завршил под рушевините додека разнесувал пошта во Петриња: Како на некој филм, како да не сум јас
Поштарот Синиша Кадечка минатиопт вторник разнесувал пошта во селото Страшник, а кога се вратил во Петриња бил сведок на разорниот земјотрес, бидејќи неговиот автомобил го затрупале рушевини.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, камерите го снимиле кога Итната помош го носела во болница во Сисак. Кога го затрупале рушевините, скршил пет ребра. Синиша истакнува дека рушевините во својот град се уште не ги видел во живо.
„Како на филм, како да не сум јас. Колку што се сеќавам, докторот ме праша каде ме боли. Баш онака силно, потоа му покажав кон прстите. Тој праша дали од левата страна, јас одговорив да“, вели овој 24-годишен поштар од Петриња за РТЛ.
Тој вторник, врз неговиот автомобил паднал дел од зградата на Првото основно училиште и го приклештил.
„Гледаш цигли како паѓаатг. Грозно, навистина грозно. Чувствував дека ме притиска и дека снемувам воздух“, раскажал Синиша и кажал дека се плашел.
„Не да се плашев, кој и да каже дека не се плаши од ништо, лаже. Не можам да објаснам, особено исчекувањето кога не можеш ништо. Пожарникарите успеале да подигнат парче, а потоа ме извлекоа низ вратата од совозачот...Малку по малку и ме извлекоа надвор“, раскажал Синиша.
Како што пренесуваат хрватските медиуми, неговото закрепнување тече добро, а на работа ќе мора да с врати кога ќе ги санира повредите.
„Поштата ќе ја оставам на којшто може да се остави. Не е дека едвај чекам да се вратам да работам, туку едвај чекам да видам дали луѓето се добро, дали успеале да се снајдат. Едноставно да размениме по некој добар збор“, вели Синиша.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа