Синдромот Кавасаки откриен кај починатото бебе од ковид-19 во Албанија
Во Албанија, вчера, меѓу 15-те починати од ковид-19 беше и 16-месечно бебе, јави дописничката на МИА од Тирана.
Во официјалното соопштение, Министерството за здравство и социјална заштита објави детали за смртта на бебето, споменувајќи ретка болест што ја влошила состојбата на детето.
Од таму потврдуваат дека детето починало како последица на ковид-19 и оти било следено и третирано во ковид центарот во Клиниката за педијатрија, каде биле утврдени и клинички знаци на синдромот Кавасаки.
„Неговата состојба се влошила во рок од 24 часа и потоа беше испратено на интензивна терапија каде што, и покрај лекувањето со целосна терапија за третман и напорите на лекарите за реанимација, не можеше да преживее, како резултат на компликација (Мултисистемски воспалителен синдром), меѓу најретките компликации што се среќаваат кај децата како резултат на ковид -19“, соопшти Министерството.
Во Албанија вчера вирусот ковид-19 беше дијагностоциран кај 836 лица, што е највиска бројка на заразени во еден ден, починаа 15 лица, исто така највиска бројка досега, додека во списокот на оздравени беа впишани 490 лица.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа