Close Menu
Press24
    Најново

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран

    16.03.2026 во 23:15

    По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз

    16.03.2026 во 22:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје
    • Калас децидна: Европа не учествува во војната во Иран
    • По цели 25 години, десницата во обединување да го освои Париз
    • Ѕвездите ве советуваат како да го изберете идеалниот партнер за вашиот хороскопски знак
    • Белата куќа потврди: Трамп и Си ќе се сретнат, но терминот „виси“ поради светската криза
    • Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка
    • Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
    • Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Синдикалците на улица: Втора блокада денеска, на ред се работодавачите

    Синдикалците на улица: Втора блокада денеска, на ред се работодавачите

    12.02.2026 во 09:091 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска напладне ќе ја реализира втората од најавените три предупредувачки блокади. По Собранието, на ред е Стопанската комора во центарот на Скопје, каде синдикалците ќе го искажат револтот кон работодавачите.

    Главните барања на ССМ остануваат непроменети: зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за 6.000 денари. Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека блокадата ќе ја изведат 21 претставник, согласно законскиот минимум, но повика и други да се приклучат.

    „Пред Стопанската комора ќе блокираме газди што ги блокираат работниците 36 години. Газди што одбија да ги зголемат платите, а кукаат дека квалификуваните работници заминуваат од Македонија“, рече Трендафилов.

    Причина за радикалните чекори е растот на трошоците за живот. Синдикалната потрошувачка кошничка во јануари пораснала за 900 денари и достигнала 66.413 денари (или 81.788 денари со кирија). Владата засега останува на ставот дека решението треба да се најде преку дијалог меѓу синдикатите и работодавачите, посочувајќи на законското усогласување во март кое ќе донесе раст од само 1.500 до 1.700 денари.

    Популарно

    Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите

    16.03.2026 во 21:50

    Политички потрес во Бања Лука: Премиерот на Република Српска, Саво Миниќ, поднесе оставка

    16.03.2026 во 22:00

    Млада Србинка пријави хорор во изнајмен стан во Скопје

    16.03.2026 во 23:40

    Енергетски крах во Куба: Целиот остров остана без струја, прогласена вонредна состојба

    16.03.2026 во 21:39
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.