„Син амбис“: Најдлабок базен во светот, ќе чини 150 милиони фунти, а познато е за што ќе се користи

Деновиве во Корнвол започна изградбата на најдлабокиот базен во светот, вреден 150 милиони фунти.

Базенот наречен „Син амбис“, кој го гради истоимената британска компанија, ќе биде длабок 50 метри. Со повеќе од 42.000 кубни метри вода (17 олимписки базени или 168.000 шолји кафе), тоа ќе биде најдлабокиот затворен базен во светот.

Базенот, кој ќе биде изграден близу аеродромот во Њуквеј, нема да биде отворен за јавноста, туку ќе се користи за истражување, како центар за тестирање и обука на вработените во индустријата за енергетика, море, одбрана и истражување на вселената.

„Сината бездна“ се очекува да биде изградена за 18 месеци и ќе биде отворена во вториот квартал на 2023 година

.

Базенот ќе значи 160 работни места, 50 милиони фунти приходи за Корнвол за време на изградбата и 8 милиони фунти годишно за локалната економија.

Проектот има поддршка од британскиот астронаут Тим ​​Пик, кој беше првиот британски астронаут кој помина шест месеци на Меѓународната вселенска станица.

Базенот исто така ќе служи како прв комерцијален центар за обука на астронаути во светот, но исто така ќе се користи за истражувачки проекти од областа на енергетиката, одбраната, океанската екологија и науката.

Дури и филмските екипи ќе можат да го ангажираат за снимање на подводни сцени, што значи дека познатите ѕвезди почесто ќе го посетуваат Корнвол, пренесува Daily Mail.

03.06.2021 - 14:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега