Симптомите се јавуваат и еден месец порано: Научниците тврдат дека има точен час кога најчесто се јавува срцев удар

Повеќето луѓе доживуваат срцев удар или мозочен удар околу 6:30 часот наутро, пренесува Daily Mail, а причината е нивото на протеини во крвотокот.

Имено, научниците го анализирале инхибиторот на протеинот Пласминоген активатор, кој го забавува метаболизмот на згрутчување на крвта. Тој достигнува врв рано наутро, зголемувајќи го ризикот од мозочен удар и срцев удар.

– Ова е одлично откритие за терапија на пациенти со тенденција на кардиоваскуларни заболувања и формирање на тромби, а може да послужи и во подобар тајминг на терапијата – вели авторот на студијата, д-р Френк Шир. Научниците планираат пошироки студии за врската помеѓу часовникот на телото и овој протеин.

Симптоми кои можат да најават срцев удар

Некои симптоми на срцев удар можат да се појават дури и еден месец пред срцевиот удар:

Уморност

Ако артериите се стеснат, срцето прима помалку крв од вообичаеното количество, што ја отежнува неговата работа. Тоа е причината зошто секогаш се чувствувате уморни и поспани.

Кратко дишење

Кога срцето прима помалку крв, тоа исто така значи дека белите дробови примаат помалку кислород. Ако одеднаш имате проблеми со дишењето, дефинитивно треба да се консултирате со лекар, бидејќи е можно да се претпостави срцев удар.

Слабост

Ако почувствувате слабост што ви е необјаснива, можно е да има стеснување на артериите поради што крвта не циркулира правилно. Тогаш мускулите не добиваат сè што им треба и можно е да се појави несвестица.

Студен пот и вртоглавица

Лошата циркулација значи и дека протокот на крв во мозокот е ограничен, што е опасно по живот. Во такви услови, чувствувате вртоглавица и збунетост и тоа се симптоми кои не треба да се игнорираат.

Притисок во градите

Раните симптоми на срцев удар вклучуваат немир и притисок во градите, помалку болка или зголемен притисок, а овие проблеми се појавуваат сè почесто со приближувањето на денот на срцевиот удар.

Симптоми на грип или прелада

Ако ги имате овие симптоми одеднаш, а немате грип, можно е да се најави срцев удар. Многу луѓе кои преживеале срцев удар велат дека имале симптоми на грип како кашлица или треска неколку дена пред тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.02.2021 - 15:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега