Симовски: Првиот што ќе лаже или бојкотира ќе добие кривична пријава
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски вели дека политиката секогаш сака да го искористи пописот за свои цели. Посочува дека оваа операција ќе се спроведе според стандардите на Европската комисија, Обединетите нации и Еуростат.
Во однос на давањето на лажни податоци и бојкотирање на пописот, Симовски вели дека ќе следат казни.
-Ако некој политички субјект јавно наложи на граѓаните да постапуваат надвор од правилата што се во Законот. Ние ќе бидеме задоволни и среќни сите политички субјекти да дадат поддршка на пописот, но и да не се врши притисок. Првиот што ќе даде лажни податоци или ќе бојкотира ќе добие кривична пријава, рече Симовски.
Вели дека за граѓаните да бидат сигурно, ДЗС нема да подлегне под какви било политички притисоци и задоволување на нечии политички цели.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа