Симовски: Пописот и Избирачкиот список се различни работи – базата на државјани е 2,4 милиони и оттаму се влече Избирачкиот список

Бројката на попишани лица и бројката на лица со македонско државјанство се две сосема различни работи. Поради тоа, и бројот на попишани и бројот на лица во избирачкиот список не треба да се поистоветуваат, изајви директорот на заводот за статистика, Апостол Симовски во интервју за „360 степени“.

– Пописот и избирачкиот список се сосема независни работи. Едната е за државјаните и оние кои се полнолетни и имаат право на глас. Лицата за пописот се поинаку дефинирани и овие две работи не треба секогаш да се доведуваат во корелација. Базата на државјани е 2.400.000 државјани и од таму се влече избирачкиот список – рече Симовски.

 

01.10.2021 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега