Вчера полициски службеници од ОВР Неготино, по наредба од Основното јавно обвинителство Кавадарци, лишија од слобода 40-годишник, 26-годишник, 22-годишник и 20-годишник од неготинско село, во врска со кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“ казниво по член 188 од Кривичниот законик.
Тие се сомничат дека извршиле обљуба врз 13-годишна малолетничка. Лицата се задржани во полициска станица, а потоа и спроведени во Основен суд Кавадарци, каде од судија на претходна постапка, им се определени мерки притвор во траење од по 30 дена, по што се спроведени во Казнено поправна установа Затвор Скопје за издржување на мерката.
Актуелно
- Муцунски и се јави на Кос: Во фокус проблемите на превозниците
- Мицкоски: Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани – ова е само последица на изборот на судии во едноумието во 1996 и антиуставниот имплант СЈО
- Google подготви моќен одговор: Chrome добива едно од најголемите ажурирања досега
- Лавров: Не нè интересираат „јавните игри“, ќе прифатиме само реални предлози за Украина
- Крај на протестите: Вечерва од 20 часот се ослободуваат сите гранични премини
- Бислимоски се огласи по кривичната: Моето име нема да биде извалкано
- Мицкоски: Почната е постапката и обезбедено е финансирањето за 150 електрични автобуси
- Бројот на заболени од грип опаѓа, но ИЈЗ предупредува – можно е да не очекува втор бран

