Силно невреме во Германија - гром удри дете , едно лице загина
Силно невреме ја погоди Германија во петокот вечерта и во саботата наутро и предизвика проблеми во многу делови на земјата.
Според германските медиуми, едно лице е загинато, а едно дете е тешко повредено при удар на гром.
Девојчето (12) паднало на патот откако го погодило гром, а потоа ја погодило и возило. Таа е пренесена во болница во сериозна состојба.
Обилните врнежи ја поплавија главната железничка станица во Штутгарт, а нивото на водата достигна 30 сантиметри по силното невреме кое зафати повеќе региони.
Во Баварија обилните дождови ги преплавија патиштата и доведоа до неколку сообраќајни несреќи. Вода навлезе и во домаќинствата, а неколку подруми беа поплавени.
Полицијата соопшти дека ситуацијата дополнително се влошува со запушените одводи.
Во градот Есен неколку луѓе останаа заробени во еден бар, а во Мосбах поројот носеше автомобили.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа