Управата за хидрометеоролошки работи регистрираше нагло дејствување на нестабилни облачни маси кои попладнево предизвикуваат локално невреме во повеќе делови од државата.

Најизразена нестабилност е забележана во полошкиот регион, каде југоисточно од Гостивар се движи нестабилна облачна маса, проследена со грмежи, засилен ветер, пороен дожд и појава на град.

Паралелно со ова, нестабилно време со врнежи и електрични празнења е регистрирано и во други два региони во земјата. Северно од Охрид и јужно од Куманово има појава на пороен дожд, засилен ветер, грмежи и можна појава на суградица.

Во меѓувреме, промена на временските услови има и во источниот дел од државата, односно во Кривопаланечкиот регион каде во моментов паѓа пороен дожд проследен со грмежи.

Граѓаните и возачите кои се движат низ овие патни правци се повикуваат на зголемена претпазливост поради силниот ветер и можноста од поројни наноси на коловозите.

Exit mobile version