Close Menu
Press24
    Најново

    Нови апсења во случајот „Државна лотарија“ – падна финансиска директорка

    05.10.2026 во 13:31

    РКЕ одлучи: Од полноќ поевтинуваат и бензинот и дизелот

    05.10.2026 во 12:35

    Нема потреба од 5 верски празници – газдите бараат да се скратат 3 неработни денови

    05.10.2026 во 13:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска
    • За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот
    • Кривична за директор од Свети Николе
    • Детали за сообраќајката во Скопје – Двајца во болница
    • Мицкоски против кратење на празниците: Правата на работниците треба да се почитуваат
    • Илинден им помага на семејствата: 3.000 денари за секое прваче
    • Од инфраструктура до енергетика: Мицкоски ги најави клучните проекти за следниот период
    • Температурен пресврт: Од утрински минус до нагло затоплување во 11 часот, ова се температурите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска домаќин на индиската претседателка: Средби, државни почести и економска соработка

    Сиљановска домаќин на индиската претседателка: Средби, државни почести и економска соработка

    21.07.2026 во 08:032 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која ќе престојува во дводневна официјална посета на Македонија.

    За индиската претседателка ќе бидат организирани највисоки државни и воени почести на свечена церемонија во Кабинетот на претседателот. По официјалниот пречек, предвидени се тет-а-тет средба меѓу двете претседателки, пленарен состанок на македонската и индиската делегација, како и заедничка прес-конференција.

    Во рамки на посетата, Мурму ќе положи венец на гробот на Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

    Индиската претседателка ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Африм Гаши, ќе се потпише во Книгата на впечатоци и ќе им се обрати на пратениците во македонскиот парламент.

    Попладне ќе се одржи македонско-индиски бизнис форум, организиран од Кабинетот на претседателот во соработка со Директоратот за економска дипломатија при Министерството за надворешни работи и надворешна трговија. На форумот, на кој ќе се обратат Сиљановска-Давкова и Мурму, ќе бидат презентирани инвестициските можности што ги нуди земјава.

    Вториот ден од посетата е предвидена обиколка на Спомен-куќата на Мајка Тереза и Музејот на град Скопје, каде што ќе присуствуваат на церемонијата на откривање биста на Махатма Ганди. Потоа двете претседателки ќе отпатуваат во Охрид, каде што ќе го посетат манастирскиот комплекс „Свети Наум“, како и неколку манастири и цркви во старото градско јадро.

    Поради официјалната посета на индиската претседателка, во поширокото централно подрачје на Скопје ќе биде воведен посебен сообраќаен режим. Од СВР Скопје апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Времено запрена вакцинацијата со БСЖ по информациите за несакани реакции во Хрватска

    06.10.2026 во 12:01

    За една недела истекува куќниот притвор на Артан Груби – тој нуди 335.000 евра за да му го вратат и пасошот

    06.10.2026 во 11:55
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.