Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска им посака успешен почеток на школувањето на првачињата и им порача дека нема подобра инвестиција од знаењето.
Заедно со градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, таа присуствуваше на првиот училиштен час во ООУ „Св. Климент Охридски“, по повод почетокот на новата учебна година.
Сиљановска-Давкова ги повика учениците да учат, да бидат љубопитни, критични и да поставуваат прашања, нагласувајќи дека знаењето ќе им помогне подобро да го разбираат светот и да бидат посамостојни.
Таа им порача да не се натпреваруваат само за оценки, туку пред сè за знаење и успех, да градат другарства со соучениците и наставниците и да се држат подалеку од насилството.


