Close Menu
Press24
    Најново

    Хаос во Скопје – 76-годишна жена учествувала во тепачка

    10.03.2026 во 08:53

    Драма во Македонија: Украл кола и куче, искршил банкомат, направил сообраќајка – „Малку му било” па претепал и полицаец

    10.03.2026 во 08:41

    Ценовен шок: Двоцифрен скок на Дизелот, резервоар поскап за околу 700 денари

    10.03.2026 во 08:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Хаос во Скопје – 76-годишна жена учествувала во тепачка
    • Драма во Македонија: Украл кола и куче, искршил банкомат, направил сообраќајка – „Малку му било” па претепал и полицаец
    • Ценовен шок: Двоцифрен скок на Дизелот, резервоар поскап за околу 700 денари
    • Напладне седница на Државната комисија за спречување корупција
    • Законот за Jавното обвинителство на ред во Собрание
    • Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи
    • Премиерот Мицкоски во Кучевишка Бара
    • Сиљановска-Давкова во Полска – Ќе положи венец на споменикот на македонските Евреи
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова во Полска – Ќе положи венец на споменикот на македонските Евреи

    Сиљановска-Давкова во Полска – Ќе положи венец на споменикот на македонските Евреи

    10.03.2026 во 08:121 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска престојува во работна посета на Полска, каде што ќе присуствува на комеморативното одбележување на холокаустот на македонските Евреи. Настанот ќе се одржи во Меморијалниот и музејски комплекс Треблинка, на местото на поранешниот нацистички логор во Треблинка во окупирана Полска.

    Според информациите од Кабинетот на претседателката, Сиљановска-Давкова ќе положи венец пред спомен-обележјето посветено на 7.144 македонски Евреи кои во март 1943 година биле депортирани во логорот на смртта.

    Во македонската делегација, предводена од претседателката, се и амбасадорот Габриел Атанасов, национален координатор и шеф на делегацијата при Меѓународна алијанса за сеќавање на холокаустот (ИХРА), како и претставници од Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и од Еврејската заедница во Северна Македонија.

    Во рамки на посетата на Варшава, претседателката ќе положи венец и пред споменикот посветен на жртвите од Варшавското гето, а ќе оствари и средба со претставници на македонската дијаспора.

    Од Кабинетот информираат дека Сиљановска-Давкова е првиот македонски претседател што ќе го посети меморијалниот комплекс Треблинка по повод одбележувањето на Денот на депортацијата на македонските Евреи.

    Популарно

    Неочекуван пресврт – Цената на нафтата драстично падна на светските берзи

    10.03.2026 во 08:18

    Премиерот Мицкоски во Кучевишка Бара

    10.03.2026 во 08:13

    Цената на нафтата „потона“ за 30% по изјавата на Трамп за победа

    09.03.2026 во 23:17

    Трамп: Војната со Иран е „речиси целосно завршена“

    09.03.2026 во 22:51
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.