Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Дубаи, каде ќе учествува на Светскиот самит на владите. Од нејзиниот кабинет информираат дека претседателката ќе биде клучна говорничка на сесијата посветена на демографските промени, каде ќе ја презентира македонската перспектива за влијанието на овие процеси врз националниот развој.

Покрај централното обраќање, предвидено е нејзино учество на глобалниот Форум за владини регулативи и правда, како и на Светскиот самит на лауреати. „Предвидени се повеќе билатерални средби на Сиљановска-Давкова со учесници на Самитот. Централна тема на настанот е ‘Обликување влади на иднината’“, стои во официјалното соопштение.

На самитот учествуваат над 35 шефови на држави и влади, а претседателката во ОАЕ е придружувана од министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски.

Exit mobile version