Close Menu
Press24
    Најново

    Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

    27.03.2026 во 17:17

    Од 1 април паркинг со само еден клик: „Градски паркинг“ воведува целосна дигитализација на услугите

    27.03.2026 во 17:01

    Крај на паркинг хаосот во Реонски центар: Се отвора новата зона D12 со над 1.300 места

    27.03.2026 во 16:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти
    • Од 1 април паркинг со само еден клик: „Градски паркинг“ воведува целосна дигитализација на услугите
    • Крај на паркинг хаосот во Реонски центар: Се отвора новата зона D12 со над 1.300 места
    • СДСМ: Скандал на Савески – предложи обвинителка од „тевтерчето“ на Мијалков која беше дел од бомбите
    • На само 20 години почина преубавата Џенифер, финалистката на „Евро Мис Рома“
    • Сакал да се фали на Фејсбук, па се соочи со полицијата: Жител на Чашка пукал во воздух и го објавил видеото
    • Алиу воведува отпечаток од прст за докторите, некои не направиле ниту една операција во 2025
    • Шокантни 700.000 денари за еден месец: Алиу потврди дека доктор во државно здравство заработува како во Холивуд
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

    Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

    27.03.2026 во 17:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје.

    Младите лидери најпрво се заблагодарија на приемот и искажаа благодарност за можноста да разменат ставови за демократијата, безбедноста и европската иднина на Западен Балкан, како тема на панелот.

    Сиљановска-Давкова укажа на кризата на демократијата во светот и Европа, како и на демократскиот дефицит на ЕУ, на сериозните безбедносни закани, како и на неодржливоста на исклученоста на државите од т.н. Западен Балкан од членството на ЕУ.

    Според неа, барањата на соседите со коишто се соочуваме со децении отстапуваат од Копенхагенските критиериуми и не се во духот на конститутивните акти на Европската унија.

    Таа потсети на десeттината „да“од страна на Европскиот парламент и Европската комисија и уште толку  „не“ од Европскиот совет заради вето од некои соседи.

    Осврнувајќи се на компаративните историски искуства на проширувањето на Европската Унија, претседателката укажа на примерите на вклучување во членство на кандидатки коишто не исполнувале некои од критериумите за членство во ЕУ, како доказ за двојни стандарди и нарушен кредибилитет.

    За неа, Западниот Балкан не е товар за апсорпциониот капацитет на ЕУ и неговиот прием ќе означи крај на вештачката поделба на Запад и Исток, ќе стави крај на балканизацијата и ќе обезбеди поголема безбедност на ЕУ, но и на Европа.

    Исто така, според претседателката, иако во моментов е тешко да се зборува за реформи на ЕУ, тие се неопходни.

    Претседателката очекува ЕУ итно да го преиспита својот однос и политика кон Западниот Балкан, со оглед на растечките безбедносни закани и дилеми во воен и несигурен меѓународен амбиент, нарушена, драматичната промена на меѓународниот поредок, минимизиран мултилатерализам и сериозната криза на лидерство.

    За неа, војните се плодна почва за авторитаризам, републикански монархизам, од типот на бонапартизам, но и опасност од нови мигрантски бранови.

    Сепак, Сиљановска-Давкова, сè уште верува во шансите за преговори за враќање на мирот, безбедноста и демократијата.

    Во панел-дискусијата, европските демократски студенти се вклучија со низа прашања и коментари, меѓу кои и следниве: „Како прва жена претседателка, како би нè советувала, нас, критички настроените млади да влијаеме врз зголемувањето на бројот и учеството на жените во креирањето на политики на сите нивоа? Кои се македонските приоритети во безбедносната политика и како ќе ги остварите? Колку е тешко да се промовира и одржи граѓанското единство во мултиетничко општество, како македонското?“.

    Популарно

    Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

    27.03.2026 во 17:17

    Од 1 април паркинг со само еден клик: „Градски паркинг“ воведува целосна дигитализација на услугите

    27.03.2026 во 17:01

    Крај на паркинг хаосот во Реонски центар: Се отвора новата зона D12 со над 1.300 места

    27.03.2026 во 16:58

    СДСМ: Скандал на Савески – предложи обвинителка од „тевтерчето“ на Мијалков која беше дел од бомбите

    27.03.2026 во 16:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.