Close Menu
Press24
    Најново

    Елекстрдистрибуција со известување до граѓаните: Утре неколку часа ќе нема струја

    13.10.2026 во 12:25

    Нови цени на горивата од полноќ

    13.10.2026 во 09:32

    Ќе снема струја во 9 часот – Исклучувања во Скопје, проверете дали сте на списокот

    14.10.2026 во 08:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува
    • Драматично потонување кај Ормутскиот теснец: Сингапурски брод погоден од проектил, екипажот е спасен
    • Савески: Борбата против трговијата со луѓе бара заеднички и брз меѓународен одговор
    • Хасабис предупредува: Хакерските напади со вештачка интелигенција се најава за посериозни закани
    • „Безбеден град“ регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охридско-струшкиот регион
    • Затвореник од Македонија дел од опасна криминална група во Србија: Уапсени седум лица за две убиства и киднапирање
    • ДЗС: Раст на туризмот за 3 отсто во првите осум месеци од 2026 година, најмногу гости од Турција
    • Мицкоски ќе присуствува на потпишувањето на договорот за нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

    Сиљановска-Давкова со експертот за Холокаустот Мајкл Баренбаум: Историската вистина за македонските Евреи мора да се зачува

    14.10.2026 во 18:042 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими д-р Мајкл Баренбаум, истакнат професор по еврејски студии и експерт за Холокаустот, кој во март годинава ја придружуваше за време на посетата на Меморијалниот комплекс „Треблинка“ во Полска.

    На средбата присуствуваа Горан Садикарио, директор на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија, Љиљана Мизрахи и Тодор Чепреганов.

    Сиљановска-Давкова укажа на опасноста од историски ревизионизам, минимизирање и негирање на Холокаустот и од антисемитизам.

    За неа, Треблинка каде што биле убиени 7.144 македонски Евреи, односно 98 проценти од македонската еврејска заедница е длабоко потресно искуство, но и споменик што сведочи за историските факти, како и причина за прераснување на одбележувањето во традиција.

    Претседателката му се заблагодари на Баренбаум за експертското и човечко ангажирање во одбраната на историската вистина за Холокаустот врз македонските Евреи, особено за аргументираната заложба да се сочува автентичниот натпис на спомен-плочата во Треблинка, наспроти обидите за негова измена.

    За професорот, присуството на Претседателката, пратеници и претставници на македонската Eврејска заедница на одбележувањето на 11 Март – Денот на депортацијата на македонските Евреи, во Треблинка, е од исклучителна важност.

    Баренбаум потсети дека со испишувањето на имињата на македонските Eвреи на ѕидот во Меморијалниот комплекс, секоја жртва ќе добие траен спомен и заслужена заштита од заборав.

    Тој укажа на важноста од документирање на историјата и едукација на младите генерации за Холокаустот во сите степени од образовниот процес, како и организирање студентски посети на Меморијалниот комплекс во Треблинка.

    Директорот на Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија информираше за тековните активности, меѓу кои и иницијативата за формирање на едукативен институт во негови рамки, како и за утрешната изложба посветена на еврејските партизани во Скопје.

    Прочитај повеќе

    Савески: Борбата против трговијата со луѓе бара заеднички и брз меѓународен одговор

    14.10.2026 во 17:38

    „Безбеден град“ регистрираше 296 прекршоци за два дена во Охридско-струшкиот регион

    14.10.2026 во 17:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.