Претседателката Гордана Сиљановска Давковка информираше дека вчеравечер присуствувала на свечената вечера приредена од францускиот претседател Емануел Макрон, во чест на високите гости на Парискиот мировен форум.

„Во пријатна атмосфера водевме разговори насочени кон зајакнување на глобалниот мир“, истакна Сиљановска Давковка во нејзината објава на социјалните мрежи.

Претседателката нагласи дека само преку заемна почит и разбирање можеме да создадеме услови за напредок и побезбедна иднина за сите.

Exit mobile version