Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ги додели наградите „Women in Tech® Macedonia Awards“ за иновација, лидерство и влијание во ИТ екосистемот.
Настанот е во организација на Women in Tech® Македонија, во соработка со Министерството за дигитална трансформација, а се одржува под покровителство на претседателката.
Церемонијата на доделување на признанијата ќе се одржи во Вила Водно.


