Close Menu
Press24
    Најново

    (ВИДЕО) Небото над Ријад во пламен: Саудијците соборија ирански ракети

    18.03.2026 во 20:44

    Двајца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево

    18.03.2026 во 20:25

    Трипуновски: Босилово е пример за модерна и успешна општина со силно земјоделство

    18.03.2026 во 20:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • (ВИДЕО) Небото над Ријад во пламен: Саудијците соборија ирански ракети
    • Двајца повредени во сообраќајка на патот Охрид-Кичево
    • Трипуновски: Босилово е пример за модерна и успешна општина со силно земјоделство
    • Вучиќ со остри критики: Пицула и Хрватите водат политичка војна против Србија
    • Сиљановска-Давкова: Членство во ЕУ според заслуги, а не преку билатерални уцени
    • Венс признава: Свесни сме за проблемот со скапите горива, се бара итно решение
    • Сиљановска-Давкова прими претставници на Државниот завод за ревизија
    • Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е дел од Самитот на ЕПП на кој ќе разговараме за глобалните предизвици, а ние ќе ставиме акцент и на проширувањето на ЕУ
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Сиљановска-Давкова: Членство во ЕУ според заслуги, а не преку билатерални уцени

    Сиљановска-Давкова: Членство во ЕУ според заслуги, а не преку билатерални уцени

    18.03.2026 во 19:181 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

    Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Мириам Лексман, пратеничка во Европскиот парламент од Словачка, од групата на Европската Народна Партија.

    На средбата се разговараше за европската интеграција на државата, при што претседателката истакна дека членството во Европска Унија останува наш стратешки приоритет, и покрај блокадата на процесот.

    Сиљановска-Давкова потенцираше дека пристапниот процес треба да е заснован на заслуги, врз основа на исполнување на Копенхашките критериуми, со почитување на темелните европски документи, без билатерални условувања.

    За неа, блокадата претставува сериозен проблем и опасен преседан што може да биде (зло)употребен и во други случаи, загрозувајќи го не само проширувањето, туку и безбедноста.

    Потсетувајќи дека нашата држава е 100% усогласена со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, претседателката истакна дека во време на сложени геополитички предизвици, најдобар начин за зајакнување на отпорноста кон трети страни е интеграцијата на земјите од регионот на Западниот Балкан во Унијата.

    За гостинката, ЕУ е природен политички дом на земјите од Западниот Балкан, со оглед на нивната географска, историска и културна припадност на истиот.

    Соговорничките се согласија и ја потврдија важноста од натамошна соработка и ангажман на членките на ЕУ, вклучувајќи ја и Словачка, заради надминување на опструкцијата на македонското придружување кон ЕУ.

    Популарно

    Романија итно испрати два борбени авиони Ф-16, упатено е предупредување до населението

    17.03.2026 во 22:44

    Рекорд без него нема да биде исто место – Чичко Драги ќе биде погребан утре

    18.03.2026 во 09:17

    Иран го нападна Израел со над 100 ракети – одмазда за убиството на Лариџани

    18.03.2026 во 10:41

    Лажен продавач на мебел „олесни“ тетовчанка за 550 евра: Внимавајте со кого се договарате

    17.03.2026 во 23:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.