Силјан Мицевски сведочеше во „Талир“ во истиот ден кога доби и тендер од 6,4 милиони евра

Битолската градежна компанија „Пелистер“ доби тендер за ископ на јаглен и јаловина во кругот на РЕК Битола вреден 6,4 милиони евра од страна на АД ЕСМ, дознава Фактор.

Договорот е склучен на 4 септември, а доставен е до Бирото за јавни набавки и објавен беше вчера, односно на истиот ден кога сопственикот на градежната компанија Силјан Мицевски сведочеше во случајот „Талир“ во кој опиша како бил рекетиран од првите луѓе на поранешната владејачка партија откако ќе добиел тендер.

Пелистер го добива тендерот за ископ при две понуди, од кои едната од 105 денари и втората од 95,7 денари по килоџул енергија. Времетраењето на договорот е една година.

Претходно, компанијата на популарниот битолски бизнисмен постигна договор за ископување со РЕК Битола во мај минатата година и истиот вредеше 776 милиони денари. Претходниот редовен беше во јули 2018 и вредеше 377 милиони денари.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.09.2020 - 09:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега