Земјотрес со локална магнитуда од 3,9 степени според Рихтеровата скала утрово во 5 часот и 40 минути е регистриран во епицентралното подрачје Охрид-Струга, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот бил на околу 135 километри југозападно од Скопје.
Земјотресот бил почувствуван во југозападните делови од државата, особено во Охрид и околината.
Според Европската макросеизмичка скала, интензитетот во погоденото подрачје бил IV степени.
Засега нема информации за причинета материјална штета

