Земјотрес со магнитуда од 4,9 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди Грција и ги вознемири жителите во северозападниот дел од земјата.
Според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), потресот е регистриран во 22:10 часот по локално време (23:10 часот по грчко време).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 5 километри под површината на земјата.
Локацијата е забележана на 20 километри северозападно од Јанина и на околу 149 километри од градот Лариса.
Засега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица.


