Земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтер го погоди јужниот грчки остров Крит половина час по полноќ, објави денес Атинскиот геодинамички институт.
Досега нема извештаи за штети или повредени од земјотресот, објавува „Катимерини“.
Епицентарот на земјотресот е регистриран во морето, на длабочина од 29,5 километри, во близина на западниот дел на Крит, во 00:33 часот по полноќ.
Крит е еден од деловите на Грција со најмногу регистрирани земјотреси и е едно од сеизмички најактивните подрачја во светот.

