Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во водите на Источниот Медитеран. Според сеизмичките служби за мониторинг, потресот се случил во 08:46 часот по локално време.
Епицентарот на земјотресот бил лоциран на околу 169 километри јужно од Ираклион, најголемиот град на грчкиот остров Крит, објави германскиот центар GFZ.
Иако земјотресот бил на релативно мала длабочина од 12 километри, досега нема информации за предизвикана материјална штета или повредени лица. Првичните извештаи укажуваат дека потресот не бил широко почувствуван од жителите во околните населени места.

