Силен земјотрес ја стресе Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Бања Лука. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот е регистриран нешто пред 7:35 часот.

Епицентарот бил на околу 20 километри северозападно од центарот на Бања Лука.

Тресењето се почувствувало само неколку секунди, објавија жителите на Бања Лука на веб-страницата на ЕМСЦ.

24.03.2023 - 09:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега