Силен земјотрес ја погоди Кина
Земјотрес со јачина од 5,5 степени ја погоди кинеската провинција Гансу, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Прелиминарните податоци покажуваат дека земјотресот се случил на длабочина од 35 километри, на 102 километри од Џијангуан, град со речиси 230.000 жители.
Засега нема информации за можните последици од земјотресот.
Провинцијата Гансу се наоѓа во северниот дел на централна Кина.
24.10.2023 - 14:27
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа